Skip to main content

Здраво на сите

Многу сакам да споделам со Вас искуство со онлајн полагањето на Salesforce Admin, прокторирано онлајн преку Критерион. На 13-ти месецов полагав и паднав со 58% точно одговорени прашања. Крајно сум револтиран од Критерион зашто целото полагање траеше верувале или не петипол часа. На крајот скроз ја изгубив концетрацијата што од нервоза што од истоштеност. Прво никако не можеа да го слушнат моето аудио, иако темелно проверив се технички, неколкупати пред тестот. И камерата и микрофонот, а и интеренетот ми е кабелски оптички и работеше беспрекорно. Тој што ми пишуваше на чатот, техничка поддршка правеше паузи и по еден саат. Во еден момент испадна дека требало некое сетирање на микрофонот, за кое не сум можел да знам дека треба да се направи.

Почнав во 1ам сабајле како што и закажав, а завршив дури во 5.30.

Следниот пат ќе полагам во Сивус, вака не бива. Заради нив ми пропаднаа 60 долари.

Патем речено, да не има некој вишок ваучер, пошто сега за второто полагање ми се бараат 100 долари.

2 Antworten
  1. 18. Apr. 2023, 06:30

    Добро е да се знае.....фала ти за споделената информација

0/9000